Жозе Мурињо верува дека презентацијата на Пол Погба на Светското првенство 2018 ќе му помогне на францускиот репрезентативец да го подобри своето претставување во дресот на Манчестер Јунајтед.
Дваесет и пет-годишниот играч од средниот ред во моментов се одмора, откако ја освои титулата со Франција на Мундијалот 2018.
– Не станува збор да извлечеме максимум од него, туку тој да го даде најдоброто од себе. Светското првенство е најдобар повод за еден фудбалер да го даде најдоброто од себе. За време на сезоната на клубско ниво може да имаш голем натпревар, потоа послаб и потоа уште послаб. На камп пред и за време на Светското првенство во целост изолиран си од надворешниот свет и мислиш само за фудбал. Голема улога има мотивацијата, а на Светското одговорноста е многу поголема, изјави менаџерот на Манчестер Јунајтед за ЕСПН.
Во моментов тимот се наоѓа на предсезонски подготовки во САД, а во следниве денови се очекува таму да се приклучи и Погба.