Мурињо: Нема попуст за најдобрите

Од:

Менаџерот на Челзи, Жозе Мурињо ги предупреди играчите дека нема да им биде лесно и покрај тоа што имаат статус на ѕвезди во јавноста.

-Не сум од оние луѓе кои што ќе даваат олеснувања за некои големи играчи. Напротив тие ќе бидат последни кои ќе ги добијат сите пофалби од мене. Такви пофалби заслужуваат фудбалери кои играат на горната граница и даваат се од себе. Никој од нив не е „суперѕвезда“, станува збор за фудбалери кои што се голема поддршка за својата екипа, рече Мурињо.

Тој веднаш додаде дека нема ништо против и дека сака во тимот да има одлични играчи, бидејќи тие ја прават разликата и го решаваат натпреварот.

Португалецот оваа лето се врати на клупата на Челзи, а претходните три сезони ги помина во мадридскиот Реал.

Во својот прв мандат на клупата на Челзи, од 2004 до 2007 година освои две титули првак на Англија, две на Лигата на купот и една на ФА купот.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

Саутгејт останува англиски селектор

Ана Ололовска

Саутгејт сака да остане селектор на Англија

Ана Ололовска

ВИДЕО: Англија лесно го мина Сенегал и закажа четвртфинале против Франција

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Нотингем го исфрли носителот на титулата Лестер од ФА купот, навивачите сакаа да ги тепаат

Ана Ололовска

Дијаз дебитираше со асистенција, Ливерпул во второто полувреме ги „скрши“ Кардиф

Ана Ололовска

Лампард дебитираше со победа, Манчестер сити убедливи против Фулам

Ана Ололовска