Иднината на Жозе Мурињо продолжува да биде предмет на шпекулации. Португалецот, кој за последен го води Манчестер Јунајтед, во моментов е без работа, но објави дека се надева дека ќе си најде нов клуб од летото. Според информации на авторитетниот француски весник „Екип“, Специјалниот може да преземе тим од Лига 1.
Двата тима кои се поврзуваат со Мурињо се Монако и Лион. Пари Сен Жермен е исто така опција, но на „Парк де Пренс“ во моментов се задоволни од работата на Томас Тухел и евентуална промена во текот на летото е малку веројатна.
Мурињо беше поврзуван и како опција за Реал Мадрид, но Шпанците решија да го вратат на чело Зинедин Зидан. Според други гласини пак Португалецот може да го смени Лучано Спалети на чело на Интер.