Мурињо ја презеде одговорноста за катастрофалниот пораз во Норвешка

Од:

Никогаш во кариерата не сум предводел екипа, која примила шест голови и одговорноста за тоа е само моја, изјави тренерот на Рома, Жозе Мурињо по вчерашниот катастрофален пораз на италијанската екипа на гостувањето кај норвешки Бодо Глимт од 6-1 во рамки на УЕФА Конференциската лига.

Италијанските медиуми пренесуваат дека тоа за Рома веројатно е најтешкиот европски пораз бидејќи дојде од просечна норвешка екипа, за разлика од поразите од 7-1 што римскиот клуб ги доживеа во минатото од гигантите Манчестер јунајтед и Баерн Минхен.

Норвешката екипа ја понижи Рома, а стрелец на четири голови беше нивниот напаѓач Ерик Ботеим.

– Јас сум одговорен, бидејќи јас ја составив екипата. Го направив тоа со добра намера бидејќи сакав да им дадам шанса да настапат на оние, кои многу работат, а не играат многу. Бодо Глимт се покажа како добра екипа на теренот со вештачка трева и локалната клима. Свесен бев за ограничувањата на нашите играчи, но очекував подобар одговор, изјави Мурињо.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Фудбалер на Рома доживеа срцев удар, прекинат натпреварот со Удинезе

Катерина Ѓуровски

Мурињо: Одбив понуди да бидам селектор на Португалија или на Англија

Рома на лето ќе се обиде да го убеди Клоп да го води тимот

(ВИДЕО) Скандал во Алкмар: Полицијата тепаше фудбалери и претседателот на Легија

Катерина Ѓуровски

Мурињо: Ја одбив најголемата и најлудата понуда во историјата на фудбалот

Италија во Скопје со нов селектор, Манчини си поднесе оставка