Мурињо ја отфрли можноста Ибрахимовиќ да замине од Манчестер Јунајтед

Од:

Жозе Мурињо менаџерот на Манчестер Јунајтед, ја отфрли можноста Златан Ибрахимовиќ да го напушти „Олд Трафорд“ по завршувањето на сезоната, бидејќи Португалецот планира да му понуди нова соработка на шведскиот голгетер.

Договорот на Ибрахимовиќ со Манчестер Јунајтед истекува на крајот од сезоната, односно во јули следната година, но Мурињо сака да ја активира клаузулата за нова соработка, со што ќе стави крај на шпекулациите за заминување на Швеѓанецот во американската МЛС лигата.

-Клаузулата е активирана за размислување на Ибрахимовиќ, но исто така и за размислување на управата на клубот. Околу таа тема нема проблем, изјави Мурињо за „Скај Спорт“.

Португалскиот стручњак верува дека Златан Ибрахимовиќ ќе покаже дека престојот во Манчестер ќе му биде биде многу успешен.

-Сигурен сум дека тој не дојде во Премиер лигата, а да не сака да се докаже. Мислам дека таква можност не постои. Јасно е дека тој е подготвен за максимален напор во англиската лига, и дека така ќе биде следните сезони, дополни Мурињо.

Ибрахимовиќ во Манчестер јунајтед дојде на почетокот на оваа сезона од Париз Сен Жермен, а досега постигна вкупно 17 гола во 26 настапи во сите натпреварувања.

Во текот на својата богата кариера Ибрахимовиќ играше за: Малме, Ајакс, Јувентус, Интер, Барселона и Милан.

Би можело да ве интересира

Саутгејт останува англиски селектор

Ана Ололовска

Саутгејт сака да остане селектор на Англија

Ана Ололовска

ВИДЕО: Англија лесно го мина Сенегал и закажа четвртфинале против Франција

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Нотингем го исфрли носителот на титулата Лестер од ФА купот, навивачите сакаа да ги тепаат

Ана Ололовска

Дијаз дебитираше со асистенција, Ливерпул во второто полувреме ги „скрши“ Кардиф

Ана Ололовска

Лампард дебитираше со победа, Манчестер сити убедливи против Фулам

Ана Ололовска