Мурињо и Клоп ја подгреваат атмосферата пред денешното дерби Ливерпул – Манчестер Јунајтед

Од:

Во пресрет на големото англиско дерби во кое Ливерпул го пречекува Манчестер Јунајтед, двајцата менаџери на екипите Жозе Мурињо и Јирген Клоп, со своите изјави дополнително ја подгреваат атмосферата пред мечот кој ќе се игра попладнево на „Енфилд“.

Германскиот стручњак на кормилото на Ливерпул, е свесен за тешката ситуација во која се наоѓа, пред се поради лошата форма и резултати кои ги постигнуваат неговите избраници.

„Не сме далеку од топ тимовите, иако изгледа различно кога ќе се погледнат поените. Чувствувам дека сме на средина, не сме на стартот, ама има уште пат. Верував, верувам, а и ќе верувам во моите играчи. За нас ова дерби против Јунајтед ќе биде вистински тест до каде ни е силата“, изјави Клоп.

Од другата страна Мурињо кој деновиве беше критикуван за дефанзивната тактика која Португалецот нејчесто ја применува, на изненадување на сите, а во негов стил најави супер офанзивна тактика.

„Против Ливерпул ќе играме со еден дефанзивец и девет напаѓачи, немојте да се грижите за тоа. Сериозен сум. За разлика од минатата сезона, сега сме во друга ситуација.. Имаме повеќе бодови и нема потреба да се браниме. Имаме самодоверба пред гостувањето. Ливерпул има добар тим, табелата не ја отсликува реалната состојба. Ќе биде тежок меч за нас, но и за нив“, изјави Мурињо.

По одиграните седум кола, Манчестер има шест победи и само едно реми без пораз, додека Ливерпул е со биланс од три победи, три реми и еден пораз.

Големото англиско дерби меѓу Ливерпул и Манчестер Јунајтед ќе се игра попладнево во терминот од 13 часот и 30 минути.

Би можело да ве интересира

Саутгејт останува англиски селектор

Ана Ололовска

Саутгејт сака да остане селектор на Англија

Ана Ололовска

ВИДЕО: Англија лесно го мина Сенегал и закажа четвртфинале против Франција

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Нотингем го исфрли носителот на титулата Лестер од ФА купот, навивачите сакаа да ги тепаат

Ана Ололовска

Дијаз дебитираше со асистенција, Ливерпул во второто полувреме ги „скрши“ Кардиф

Ана Ололовска

Лампард дебитираше со победа, Манчестер сити убедливи против Фулам

Ана Ололовска