Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Жозе Мурињо ги пофали играчите за односот кон играта и пласманот во финалето на Лигата на Европа по синоќешниот натпревар со Селта.
Јунајтед на реваншот на „Олд Трафорд“ одигра 1:1 и по минималната победа во Виго обезбеди натпревар за трофејот, но и можност за директен пласман во Лигата на шампионите.
– Манчестер имаше многу полуфиналниња, но очигледно ова беше најважно. Мило ми е што тимот во согласност со важноста на мечот имаше голема желба. И кога во еден момент имавме проблем, фудбалерите со ментална сила победија, рече Мурињо, а пренесе „Скај Спорт“.
Јунајтед во финалето на второто по квалитет клупско европско натпреварување ќе игра против Ајакс на 24 мај во Стокхолм.
– Имаме одлична можност да го освоиме трофејот и да се вратиме во Лигата на шампионите. Тоа би бил совршен крај на сезоната, смета Португалецот.