Мурињо: Англија мора да го порази Тунис, но исто така се зборуваше и за Бразил и Аргентина

Од:

Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Жозе Мурињо, смета дека репрезентацијата на Англија мора да го совлада Тунис на дуелот од Светското првенство 2018.

– Дали го гледавте Тунис како играше со Португалија. Искрено, не ми се допадна тој натпревар. Тунис по својот потенцијал и стил е сличен на Мароко. Англија треба да победи, но истото тоа важеше и за Бразил и за Аргентина. Мислам дека натпреварот ќе биде интересен, изјави Мурињо.

Натпреварот Тунис – Англија ќе се игра во Волгоград вечер со почеток во 20 часот.

Три часа претходно (од 17 часот) ќе почне другиот меч од 1.коло во Г-групата меѓу Белгија и Панама.

Би можело да ве интересира

Мундијалот во Катар останува со 32 репрезентации

Ана Ололовска

ВАР-системот ќе се воведе на овогодинешното СП во фудбал за жени

Предраг Петровиќ

Оман и Кувајт може да бидат домаќини на дуели од СП 2022

Ана Ололовска

Блатер ги обвинува Саркози и Платини дека придонеле Катар да го добие СП 2022

Ана Ололовска

Во Русија има уште пет илјади странски навивачи останати нелегално по Мундијалот

Наум Локоски

ОАЕ изрази подготвеност за заедничка организација на Мундијалот 2022 со Катар

Наум Локоски