Организацијата што ја доби Катар за Светското првенство во 2022 година е доведена во прашање и Мундијалот може да и биде одземен на оваа земја, објавија дел од англиските медиуми.
Според пишувањата на Островот, западните политичари ќе направат се што е во нивна моќ да му биде одземено домаќинството на Катар. Наводната причина е корупцијата. Катар го обвинуваат дека со мито успеа да ја добие организацијата на шампионатот.
Исто така, Катар е во многу лоши односи со соседите, но со повеќето западни земји. Ова ги спречува да внесуваат дополнителни работници, па завршувањето на изградбата на стадионите е доведено во прашање.
Целиот проект требаше да чини 200 милијарди долари. Планирано е да се изградат најмодерни стадиони во светот, кои ќе обезбедат апсолутно уживање за навивачите и фудбалерите, но на крајот се може да се распадне поради политичките односи.
Катар лесно може да остане без организирање на Светското првенство, кое би можело да биде доделено на друга земја.
Мундијалот во Катар требаше да стане препознатлив како прв турнир кој ќе се одигра во екот на фудбалската сезона, во периодот од 21 ноември до 18 декември 2022 година.