Денеска со почеток во 12 часот во Собранието на град Скопје ќе се одржи Изборно Собрание на Ракометната Федерација на Македонија.
Завршува четири годишниот мандат на досегашниот претседател Михајло Михајловски, бидејќи тој не најави кандидатура.
Единствен кандидат за ова место е Живко Мукаетов првиот човек на „Алкалоид“.
Тој е долгогодишен помагател на македонскиот спорт секако и на ракометот. По предлог на досегашниот Управен одбор, Живко Мукаетов доби подршка од најголемиот дел од клубовите, а овој пат на иста страна се првиот човек на Вардар Михајло Михајловски и првиот човек на Металург Минчо Јорданов.
Покрај изборот на Претседател, ќе биде избран и потпретседател на РФМ, а ќе бидат формирани и други органи и тела. Најавена е и седница на новиот Управен одбор на Федерацијата.