Мукаетов единствен кандидат за претседател РФМ

Од:

Генералниот директор на „Алкалоид“, Живко Мукаетов, е нов кандидат за наследник на Михајло Михајловски, како претседател на Ракометната федерација на Македонија, откако денеска на УО на РФМ беше доставена негова кандидатура со потписи од 41 делегати.

Тој засега е единствен кандидат за нов претседател на македонскиот ракомет, во пресрет на Изборното собрание што ќе се одржи в сабота на 9-ти март во салата на Градското собрание.

Истовремено, на седницата е донесен предлог од Никола Панчевски, директорот на машката ракометна репрезентација, на следното Собрание да биде ставена на дневен ред и точката за именување на Михајло Михајловски за почесен претседател на Ракометната федерација на Македонија, со оглед на тоа дека тој повеќе од 30 години е дел од македонскиот ракомет. Најпрво тој беше потпретседател на федерацијата, а потоа и претседател, и поради тоа како гест ќе биде побарано да биде изнесен предлог, Михајловски да биде почесен претседател на РФМ.

Освен овие дискусии, ќе биде распишан и конкуср за нов селектор на машката ракометна репрезентација, сите заинтересирани ќе можат да ја достават својата кандидатура во следните осум дена.

Би можело да ве интересира

РФМ: Благодарност до македонската ракометна јавност

Ракометната федерација на Македонија доби специјален дрес од „СОС Детско село“

Македонската и српската ракометна федерација договараат соработка во младинските категории и стручниот кадар

Ана Ололовска

Одложено ракометното коло поради смртта на Даниловски

Ана Ололовска

РФМ ги исклучи Начевски и Хајредин

РФМ ги определи наградите за машката и женската сениорска репрезентација

Ана Ололовска