Масимо Морати се согласил да му продаде 75 отсто од акциите на клубот на бизнисменот од Индонезија, Ерик Тохир, пренесува тиражната Газета дело спорт.
Според истиот извор, Морати ќе заработи 300 милиони евра, но и натаму ќе остане во екипата од „Џузепе Меаца“.
Индонезиецот не е дебитант во спортското работење, тој веќе е акционер во НБА екипата Филаделфија Сиксерс, додека во МЛС екипата Вашингтон Јунајтед е мнозински сопственик.
Навивачите на Интер се надеваат дека промените во сопственичката структура ќе донесат и позитивни промени во трансфер политиката, со што клубот би го вратил приматот во италијанскиот фудбал.
Интер, во претстојната сезона по првпат од 1999 година нема да игра во некој од европските купови.