Рожерио Мораеш и официјално го напушта македонскиот тим Вардар на крајот на сезоната.
Бразилецот денеска го потпиша својот договор со унгарски Веспрем, за кој ќе настапува во следните две години, со опција да продолжи за уште една.
Мораеш во Скопје пристигна од редовите на германски Кил во 2016-та и беше дел од тимот на „црвено-црните“ кој ја освои титулата во Лигата на шампионите.