Екипата на Монако вечерва ќе има шанса да се промовира во шампион на Франција.
Тимот од кнежеството вечерва ќе го одигра заостанатиот натпревар од 31.коло во француската Лига 1 против Сент Етијен.
Монако кој има три бодови повеќе во однос на се уште актуелниот шампион Париз Сен Жермен, доколку вечерва успее да го совлада Сент Етијен на едно коло до крајот на првенството во Франција ќе ја осигруваат шампионската титула.
Сезонава Монако игра одличен фудбал, а како резултат на таквата игра беше и пласманот во полуфиналето од Лигата на шампионите каде беше елиминиран од италијанскиот првак Јувентус.
Екипата предводена од голгетерскиот тандем Фалкао и Мбапе, долг период е лидер на табелата и сигурно дека ќе стори се да ја сочува, а воедно во последниот меч сезонава пред својата публика да ја прослави шампионската титула.
Вечерашниот меч меѓу Монако и Сент Етијен ќе се игра во терминот од 21 часот, а доколку Монако не успее да слави победа, последната шанса за трофеј ќе ја има против Рен на гости во сабота за кога е закажано последното коло во Лига 1.