Лидерот на табелата во француската фудбалска Лига 1, Монако повторно има три бодови предноста во однос на најголемиот конкурент за шампионскиот трофеј ПСЖ.
Фудбалерите на Монако забележаа победа со 3-1 против Тулуз иако гостинскиот тим прв имаше предност.
Ова беше еден од шестте натпревари од 34.коло кои се одиграа синоќа. На останатите беа постигнати овие резултати: Бастија – Рен 1-0, Нант – Лориен 1-0, Монпеље – Лил 0-3, Мец – Нанси 2-1 и Гингамп – Сент Етјен 0-2.
Покрај дербито меѓу Ница и ПСЖ, кое е закажано во терминот од 21 часот, претходно ќе играат Каен – Олимпик Марсеј и Дижон – Бордо.
Табела: Монако 83 бодови, ПСЖ 80, Ница 74, Олимпик Лион 57, Бордо 55, Олимпик Марсеј 52