Екипата на Монако постигна победа од 1:0 на синоќа одиграниот натпревар од 18. коло од француската Лига 1.
Пред своите навивачи го победија лидерот Олимпик Марсеј и со тоа не му дозволија да се одвои на врвот на табелата откако претходно пораз претрпе и второпласираниот ПСЖ.
Стрелец на единствениот гол беше Бернардо Силва во 67. минута.
Со овој триумф Монако е во серија од три победи.
На другите дуели од оваа рунда беа постигнати следниве резултати:
Генгамп – ПСЖ 1:0
Лил – Тулуз 3:0
Ница – Сент Етиен 0:0
Бастија – Рен 2:0
Лориен – Мец 3:1
Монпеље – Ленс 3:3
Ремс – Евиан 3:2
Нант – Бордо 2:1
Олимпик Лион – Каен 3:0.
Табела: Олимпик Марсеј 38 бодови, ПСЖ 37, Олимпик Лион 36, Сент Етиен 33, Бордо 31, Монако 29,…