Првиот натпревар од 32. коло од француската Лига 1 ќе се игра вечерва меѓу Монако и Бордо.
Двете екипи играат во различни форми. Монако се наоѓа на втората позиција со 55 бодови и на последните пет натпревари нема пораз, додека Бордо се наоѓа на 14. место со 39 бодови, а на последните пет дуели има освои само три бода без победа.
Почетокот на дуелот е во 20:30 часот.
Утре се играат шест натпревари од оваа рунда: ПСЖ – Ница, Ајачо – Сент Етиен, Генгамп – Монпеље, Рен – Ремс, Тулуз – Каен и Троа – Анже.
Последните три натпревари од колото се играат во недела: Нант – Лил, Бастија – Олимпик Марсеј и Лориен – Олимпик Лион.
Табела: ПСЖ 77 бодови, Монако 55, Ница 50, Олимпик Лион 49, Рен 48, Каен 46, Сент Етиен 45,…