МОК: Омикрон нема да ги загрози ЗОИ во Пекинг

Од:

Откако олимписките организатори во Пекинг изразија денеска загриженост поради растот на бројот омикронски инфекции во Кина, директорот на Меѓународниот олимписки комитет (МОК) Пјер Дукре изјави оти новиот сој на коронавирусот не претставува закана за Зимските олимписки игри (ЗОИ), кои ќе почнат на 4 февруари.

– Не постои загриженост дека омикрон ќе влијае на текот на Игрите. Кина може да спроведе голем број тестирања во многу краток временски период, а бројот на учесници не претставува закана за домаќините, посочи Дукре.

Кинеските организатори на ЗОИ инсистираат на задолжително вакцинирање против коронавирусот со две дози или строг тринеделен карантин за сите учесници на Игрите.

Сите акредитирани лица, вклучувајќи ги спортистите, официјалните претставници, новинарите како и другиот персонал ќе мораат секојдневно да се тестираат на коронавирусот за време на нивниот престој во олимпиското село.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Шчербакова го освои златото во уметничко лизгање

А1он

ВИДЕО: Трусова направи историски подвиг, па во солзи изјави дека се откажува

А1он

Гисин повторно најдобра во комбинација

ВИДЕО: Лизгачката која несакајќи ги покажа градите на последните Олимписки игри, сега освои златен медал

А1он

Одермат златен во велеслалом, Словенецот Крањец сензацонално до среброто

Блинкен не исклучува руски напад врз Украина и за време на ЗОИ во Пекинг

А1он