Мојсоски: Треба подмладување во ракометната репрезентација

Од:

Светското првенство во ракомет кое во јануари 2013 во Шпанија донесе прилично тешка група за Македонија вели за А1, Наумче Мојсоски, ракометен репрезентативец на Македонија.

„Можеше да ни се падне полесна група, но можеше и потешка група. Но со самото наше учество и на ова но и на последното европско и светско првенство покажуваме дека оваа генерација ракометари фаќа еден континуитет во учествата на големи ракометни собири и затоа мора да продолжиме со исто темпо“ вели Мојсоски, кој најавува сигиурен влез во осминафиналето на светското првенство.

Очекува второ или трето место во групата во која се наоѓаат Русија, Данска, Исланд, Катар и Чиле.

Наумче Мојсоски смета дека треба да има подмладување на репрезентацијата

„Секако дека мора да има подмладување во репрезентацијата. Но не може да има промена на цела репрезентација, на шест или седум репрезентативци, односно цела една постава да биде сменета. Но повремено треба да се внесуваат по еден до двајца млади играчи кои во наредните десет години ќе бидат носители на играта на репрезентацијата, бидејки сите ние сме ракометари кои имаат по 30 и повеќе години. Затоа сметам дека репрезентацијата треба да се подмладува по малку, но не драстично бидејки тоа нема да даде резултати“, вели Мојсоски

За шпекулациите во однос на смената на селекторот на репрезентацијата Мојсоски смета дека изборот на селектори во Македонија е мал, бидејки нив не ги имало многу на број.

„Имавме само еден неуспех, а тоа е не обезбедувањето пласман на олимписките игри во Лондон.Со странските селектори нема љубов и харизма, а и на нашиот најдобар играч не му оди многу со тоа“, рече Мојсоски.

 

Би можело да ве интересира

Раководството на РФМ оствари средба со женската сениорска репрезентација

Предраг Петровиќ

Србија го извлече Косово – ждрепката веднаш прекинатa

Не сака да игра за репрезентацијата додека Хрватот е селектор

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Избегната тепачка на ракометен натпревар од Европската лига

Предраг Петровиќ

Македонските ракометари поуспешни од Грција во подготовките за ЕП

На сред сезона излезе во јавноста и кажа-крај

Предраг Петровиќ