Мојс: Не сме доволно силни за триумф во Лигата на шампионите

Од:

Менаџерот на англискиот првак Манчестер Јунајтед не верува дека неговиот тим има сили оваа сезона да ја освои Лигата на шампионите.

– За триумф во елитното натпреварување треба да имате 5-6 светски играчи. Таков е случајот со Баерн Минхен, Барселона, Реал Мадрид, но не и со Манчестер. Тоа што ние имаме е неколку играчи кои се блиску до најдобрите или се наоѓаат во таа категорија и повеќе играчи со акумулирано искуство, изјави Дејвид Мојс.

Манчетсер Јунајтед лошо ја започна сезоната во Премиер лигата со три порази во шесте одиграни средби и во моментов се наоѓа на 12.место со осум бодови заостанување зад лидерот Арсенал.

Во Лигата на шампионите тимот предводен од Мојс стартуваше со победа, а в среда во 2.коло игра против Шахтјор Доњецк во Украина.

Би можело да ве интересира

Саутгејт останува англиски селектор

Ана Ололовска

Саутгејт сака да остане селектор на Англија

Ана Ололовска

ВИДЕО: Англија лесно го мина Сенегал и закажа четвртфинале против Франција

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Нотингем го исфрли носителот на титулата Лестер од ФА купот, навивачите сакаа да ги тепаат

Ана Ололовска

Дијаз дебитираше со асистенција, Ливерпул во второто полувреме ги „скрши“ Кардиф

Ана Ололовска

Лампард дебитираше со победа, Манчестер сити убедливи против Фулам

Ана Ололовска