Младиот Мусиала од Баерн ја „откачи“ Англија, ќе игра за Германија

Од:

Младиот фудбалер на Баерн Минхен, Џамал Мусиала, одлучи својата репрезентативна кариера да ја гради во дресот на Германија,избирајќи ја својата родна земја пред Англија. за која, исто така, настапуваше во младинските категории.

Седумнаесетгодишниот Мусиала ја обелодени одлуката, по разговорот со германскиот селектор Јоаким Лев и еден ден откако стана најмлад стрелец на Баерн Минхен во Лигата на шампиони, постигнувајќи гол во вчерашниот триумф на актуелниот европски првак над Лацио од 4:1 во Рим.

-Имам срце за Германија и имам срце за Англија. Многу размислував, меѓутоа на крајот го послушав чувството дека е добра одлука да играм за Германија,земјата во која сум роден изјави Мусиала за германската телевизија АРД.

Талентираниот фудбалер, кој е роден во Штутгарт, потекнува од младите категории на лондонски Челзи, каде започна да игра фудбал во 2011 година, преминувајќи во Баерн Минхен во 2019 година.

– Имав навистина добар и отворен разговор со Јоаким Лев. Се сретнавме во Минхен и јасно ми го покажа мојот пат во репрезентацијата“, посочи Мусиала, додавајќи дека на средбата присуствувал и спортскиот директор на репрезентацијата Оливер Бирхов.

Германија е во група со македонската репрезентација во квалификациите за Мундијалот во 2022 година, кои стартуваат идниот месец.

Би можело да ве интересира

Почина легендарниот германски фудбалер Андреас Бреме

Германците ја „изиграа“ ФИФА и ги носеа боите на виножитото на Светското првенство

Леверкузен ја „здроби“ Борусија сред Дортмунд

Ана Ололовска

Авто-гол го реши дербито Баерн-Лајпциг

Ана Ололовска

Ајнтрахт триумфално мина низ Штутгарт, значајни победи за Келн и Аугсбург

Ана Ололовска

Кимих најдобар фудбалер на Германија во 2021 година

Ана Ололовска