Младински турнир во ракомет во Делчево

Од:

Вкупно 10 екипи ќе настапат на ракометниот турнир кој денес ќе се одржи во спортската сала на гимназијата ,,Методи Митевски Брицо”. Организатор на настанот е Ракометниот клуб Делчево, чиј тренер Горан Велков, информираше дека ќе се игра по меѓународните правила на ракометната игра.

-На турнирот ќе настапат 10 екипи како во машка така и женска младинска конкуренција. Покрај домашната екипа имаме екипи и од Струмица, Тетово, Радовиш, Свети Николе, а тука е и јуниорската екипа на скопски Вардар. Првата средба е закажана за 10 часот додека финалните натпревари се во попладневните часови, истакна Велков.

Додаде дека ракометните екипи се поделени во групи, а најдобрите ќе играат меѓусебе во финалните натпревари.

Турнирот се одржува по повод 75 години од ослободувањето на Делчево.

Би можело да ве интересира

Маж од Делчево споделил лични фотографии на неговата поранешна вонбрачна партнерка

Жена од Делчево била следена ѝ добивала пораки со заканувачка содржина

Гужви за влез во Бугарија: Се чека по два часа, се пропуштаат само по неколку возила

А1он

Меџити: Следната недела ќе се расчисти случајот со починатата родилка од Делчево

А1он

Николовски, Бочварски и Шукова од Делчево: Вложуваме во подобар живот на граѓаните, градиме модерна инфрастуктура, нов затворен пазар, а се гради и филтер станицата обезбедувајќи чиста вода за пиење на делчевци

Предраг Петровиќ

Повеќе населби во Делчево без електрична енергија