МКФ ги казни Работнички и МЗТ за организациски пропусти во финалната серија

Од:

Македонската кошаркарска федерација (МКФ) им изрече парични казни на Работнички и МЗТ Скопје за пропустите во организацијата на натпреварите од финалната серија.

За првиот финален натпревар во „Градски парк“ во извештајот нема никакви забелешки, но затоа се нотирани проблеми на вториот во „Јане Сандански“ и на третиот во организација на Работнички.

Вкупната казна за МЗТ Скопје изнесува 228.000 денари, од кои повеќе од половина (128.000 денари) е само поради шестата техничка грешка сезонава досудена на клупата.

Останатиот дел од казната се поради плукање на противнички играчи, фрлање на тврди предмети, палење на чадни бомби и останати пропусти.

Работнички вкупно ќе треба да плати 136.000 денари и тоа за плукање, фрлање тврди предмети и палење чадни бомби, како и за неспортско навивање, за техничка грешка на клупа (втора), за неисправен семафор и за пушење во салата.

Работнички го совлада МЗТ Скопје со 3:0 финалната серија и стигна до 15-тата шампионска титула.

Би можело да ве интересира

Работнички од Непал му избегале на газдата од Охрид, случајот пријавен во полиција

A1on

Ампева: Шеесет и деветте текстилни работнички од Кавадарци се олицетворение на овој 8 Mарт

Општина Аеродром до сите љубители на спортот: Влезот е бесплатен, дојдете заедно да ги бодриме кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Ковачевски: Ги охрабрувам македонските компании да ги поддржуваат спортските клубови

„Адмирал“ партнер на македонскиот спорт

Ана Ололовска

Работнички во ЕКА рамо до рамо со Ливерпул, Манчестер Јунајтед, Баерн Минхен, Рома, Селтик…