Министерот за спорт на Италија го потврди стартот на заедничките тренинзи

Од:

Тимските тренинзи во Италија ќе започнат за две недели, но сè уште не е познато кога ќе се продолжи фудбалскиот шампионат на земјата, изјави за „Раи“ министерот за спорт, Винченцо Спадафорa.

– По 18 мај, владата дозволува продолжување на тимските активности, кажа Спадафорa.

Тој не сакаше да прецизира точен датум за евентуално обновување на првенството во Серија А. Индивидуалните тренинзи во земјава започнуваат оваа недела.

-Навистина се надевам дека првенството ќе започне повторно. Ако не биде, тоа ќе биде нереално и покрај сите случувања. Обновувањето мора да биде во повеќе од безбедно опкружување, додаде министерот.

Првенството во Италија беше суспендирано на неодредено време во март, поради пандемијата на коронавирус.

Би можело да ве интересира

Италија во Скопје со нов селектор, Манчини си поднесе оставка

ВИДЕО: Пожар во Истанбул пред финалето на Лигата на шампионите, густ чад над стадионот

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Навивачите на Интер направија хаос: Упаднаа во хотелот кај фудбалерите и направија луда атмосфера

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Легендата во солзи на теренот: Дали е ова крајот на една од најголемите кариери?

Ана Ололовска

Осимен ги врати Наполи во трката за скудетото

Ана Ололовска

Каљари ја продолжи кризата на Аталанта и излезе од зоната за испаѓање

Ана Ололовска