Фудбалерите на Рен остварија минимална победа од 1:0 против Тулуз во првиот натпревар од 14.коло од француската Лига 1.
Тие синоќа со голот Јоан Гуркуф во првата минута ја обезбедија победата и по две кола без триумф, освоија нови три бодови и се пробија на четвртото место на табелата. Тулуз е во серија од пет натпревари без победа.
Во деновите од викендот се играат другите девет натпревари: Монако – Олимпик Марсеј, Бордо – Дижон, Каен – Генгамп, Мец – Лориен, Нант – Лил, Монпеље – Нанси (сабота), Анже – Сент Етиен, Ница – Бастија и Олимпик Лион – ПСЖ (недела).
Табела: Ница 32 бода, Монако 29, ПСЖ 29, Рен 24,Олимпик Лион 22, Генгамп 22, Бордо 20, Тулуз 19,…