Актуелниот шампион на Франција, екипата на Париз Сен Жермен забележа минимална победа на гостувањето кај Лил од 1:0, во натпреваро со кој беше отворено 11. коло на француската фудбалска Лига 1.
Стрелец на победничкиот гол за ПСЖ, вреден нови три бода, беше Уругваецот Едисон Кавани во 65-минута од натпреварот.
Денешната програма од шест натпревари ќе ја отворат Тулуз и Олимпик Лион со натпреварот од 17 часот, додека останатите пет средби ќе започнат од 20 часот, а во нив ќе играат: Гингамп – Анже, Бастија – Дижон, Сент Етијен – Монако, Нанси – Кан и Лориен – Монпеље.
Последните три натпревари од 11. коло во Лига 1 на програмата се утре, а двојките се: Ница – Нант, Рен – Мец и Олимпик Марсеј – Борд.
Табела: Ница 26 бодови, Париз Сен Жермен 23, Тулуз Монако 22, 18, Генгамп 17, Рен 17,…