Минимална победа на Монако

Од:

Екипата на Монако славеше минимална победа од 1:0 против Ница, во дуелот од 33.коло на фудбалското првенство на Франција.

Тимот од кнежевството до трите бодови стигна со голот на бугарскиот интернационалец Димитар Бербатов постигнат уште во петата минута.

Со освоените три бодови Монако се зацврсти на втората позиција на табелата, место кое носи директен пласман во Лигата на шампионите.

Денеска ќе бидат одиграни уште шест натпревари и тоа: Валенсиен – Нант, Бастија – Ајачо, Ремс – Сошо , Лориен – Монпеље, Бордо – Гингамп и Олимпик Марсеј – Лил.

Во воведниот натпревар од ова коло одигран во петокот Сент Етијен и Рен одиграа без голови 0:0.

Колото ќе биде комплетирано дури во среда со натпреварите, Париз Сен Жермен – Евијан и Тулуз – Олимпик Лион, поради настапот на ПСЖ и Лион во финалето од Лига купот.

Би можело да ве интересира

Зидан го добива најчудниот договор во историјата на фудбалот

А1он

ВИДЕО: Навивач упадна на терен и направи хаос

Ана Ололовска

ВИДЕО: Навивачите ги изненадија Французите, им приредија добредојде и покрај поразот во финалето

А1он

ВИДЕО: Нереди во Франција и во Белгија, загина момче, стотина приведени

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Шоу на Мбапе и Жиру против Полска, Французите ја продолжуваат одбраната на титулата

Катерина Ѓуровски

Во Франција тврдат дека Зидан на лето ќе застане на чело на ПСЖ

Ана Ололовска