Македонската репрезенатција составена со кошаркари до 18 години е поразена со 64:63 во првиот од двата контролни дуела со врсниците од Бугарија на гостувањето во Самоков.
Македонија одигра изедначен и драматичен меч полн со резултатски промени, одлична трета четвртина која ја доби со осум поени разлика, но на крајот беше во негатива за само еден поен. Резултатот по четвртини: 17:13; 12:9; 17:25 и18:16.
Прв стрелец на контролката во Самоков беше капитенот на Македонија, Ненад Димитријевиќ со 26 поени. Кај Бугарите најефикасен беше капитенот Минчев со 21 поен.
Шанса за реванш избраниците на селекторот Саша Димитријевиќ ќе имаат денеска кога е на програмата втората пријателска средба.
Двете селекции во рамките на подготовките за настап на ЕП во Бугарија досега одиграа три средби, засега Бугарија води со победи со 2-1.