Српскиот репрезенатитивец и фудбалер на Лацио, Сергеј Милинковиќ Савиќ, е ограбен во саботата навечер додека со својот тим играше nа дербито во италијанското првенство против Јувентус.
Од куќата во Рим во која живее фудбалерот, биле украдени 5.000 евра во готовина, и скапоцени предмети во вредност од 100.000 евра. Меѓу украдените предмети имало и два скапи часовници од познати марки.
Милинковиќ Савиќ ја известил полицијата, а снимките од камерите покажале дека грабежот го направиле три лица, чии идентитети засега се непознати. Тоа е само продолжување на серијата грабежи во куќи на фудбалери низ Европа.