Милевски: Должност ми е како човек да ги испочитувам нашите херои

Од:

Селекторот на македонската фудбалска репрезентација за играчи до 21 година Благоја Милевски рече дека ќе се обиде на вечерашниот дуел против Португалија да им овозможи настап на што поголем број играчи.

dobivaj vesti na viber

– Како селектор на Македонија на ова за нас прво, историско Европско првенство, но и како личност, чувствувам потреба и имам должност да ги испочитувам нашите херои кои во изминатите речиси три години дадоа придонес и безусловно се вложуваа во остварувањето на најголемиот резултат за македонскиот фудбал. Во зависност од потребите на тимот на натпреварот вечерва против Португалија ќе се обидеме на сите да им дадеме шанса за настап на ова Европско првенство.

Дуелот со Португалија за „црвено-жолтите“ нема судбоносно значење, но сепак е многу важен од аспект на градење на рејтингот на репрезентацијата и негово подобрување.

– Вечерва ќе се трудиме уште еднаш да покажеме, како и на претходните два натпревари дека излегуваме на терен со цел – да играме фудбал, да се надигруваме и да направиме се што е во наша моќ за да победиме. Дали ќе успееме во тоа ќе видиме по завршувањето на пресметката, изјави Милевски за официјалниот сајт на ФФМ.

Натпреварот Македонија – Португалија ќе се игра во Гдиња, вечерва од 20 часот и 45 минути.

Би можело да ве интересира

Горан Милевски ќе поднесе оставка од министерската функција

Петар Клинчарски

Милевски: Кој може Сонцето од Вергина да забрани приватно да се користи

А1он

Милевски: Судот треба да одреди мерки притвор на сите обвинети од СЈО

Наум Локоски

Меѓународни организации во кои членува ЛДП реагираа на нападот врз пратеникот Милевски

Наум Локоски

(ВИДЕО) Милевски: Нападот е поради законот за јазиците и да нè елиминираат некој друг ќе ја спроведе оваа политика

Наум Локоски

ЕП фудбал У-21: Германија е нов европски шампион

Наум Локоски