Меѓународни организации во кои членува ЛДП реагираа на нападот врз пратеникот Милевски

Од:

Во врска со вчерашниот немил настан, во кој физички беше нападнат претседателот на Либерално демократската партија и пратеник во македонското Собрание Горан Милевски, со свои реакции се огласиле и меѓународните организации во кои членува ЛДП и притоа изразиле загриженост за настанот.

На настанот, како што информираат од ЛДП, меѓудругите реагирал и Ханс Ван Баален, претседател на АЛДЕ (Алијансата на либерали и демократи за Европа) и пратеник во Европскиот Парламент.

– Најостро го осудувам кукавичкиот напад врз лидерот на Либерално демократска партија, Горан Милевски. Политичките сили во Македонија треба јавно да ја осудат употребата на насилство за изразување на политичко несогласување, рекол Ван Баален.

Со реакција се јавиле и пратеникот во Европскиот парламент и потпретседател на АЛДЕ, Илхан Кочук и Роман Јакиќ, претседателот на Либсеен (Либерална мрежа на Југоисточна Европа).

Би можело да ве интересира

ЛДП за случајот со Ива Михајлова: Дали да го укинеме судството, кога институциите и онака не функционираат?

Чилиманов: Додека преспанските овоштари ги бројат загубите, Владата нема ниту план ниту решение за нивниот опстанок

ЛДП бара СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ да вратат 4 милиони евра што ги зедоа за финансирање на политичките партии

Предраг Петровиќ

ЛДП бара Владата да се огради од глорификацијата на Ратко Младиќ: „Нема место за величење на осудени за геноцид“

Цветановски: Нема ништо од една изборна единица, големите партии сакаат да го заштитат монополот

Зајкова: Целосна поддршка за „Сејф Сити“ од мене како пратеничка и од ЛДП

А1он