Милевски: Судот треба да одреди мерки притвор на сите обвинети од СЈО

Од:

Претседателот на ЛДП, Горан Милевски на неговиот Фејсбук профил напиша дека треба да се утврди од кој граничен премин побегнал Груевски и побара притвор за сите обвинети за СЈО, бидејќи се соменвал оти ова ќе биде единствен случај на бегство.

„Толку од патриотизмот на Груевски. Како што со богатствата на народот бегале кралски семејства и диктатори така и тој одлучи да побегне од државата.

Треба да се утврди како ја напуштил земјата без патна исправа?

Од кој граничен премин побегнал и кој службеник помогнал да замине, бидејќи Груевски не е непознат, па така да им помине незабележан.

Судот треба да одреди мерки притвор на сите обвинети од СЈО, бидејќи се сомневам дека ова ќе биде единствен случај на бегство.

Доколку неговиот другар Орбан му одобри политички азил тогаш Македонија треба да го повика својот амбасадор на итни консултации, бидејќи држави кои штитат криминалци неможе да и бидат пријатели на Македонија“ напиша Милевски на Фејсбук.

Би можело да ве интересира

ЛДП: Дигитализација на образованието до 2030, кривична одговорност за судиите и јавните обвинители, почитување на човековите права, Викенд без ДДВ

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Зајкова: Недозволиво е граѓаните да штедат, а политичарите да живеат како да е благосостојба

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Европските либерали со порака: ЕУ не е целосна без Македонија како нејзина членка

Зајкова: Усвоивме програмски правци и либерални решенија за секој граѓанин

ЛДП: Одговорноста за злоупотребите на Онкологија има име и презиме

Реакција на ЛДП за знамето на Голема Албанија во Тетово: Нацинализмот носи само конфликти и омраза, да градиме иднина на еднаквост