Милано повторно ќе биде центар на вниманието во италијанската фудбалска јавност, бидејќи по дуелот во средата од Лигата на шампионите меѓу Милан и Барселона, викендов на програмата е дербито Интер – Милан. Овој натпревар е во рамките на 26.коло од Серија А и се игра утревечер од 20 часот и 45 минути.
Новото коло ќе го отворат вечерва од 20:45 часот Палермо и Џенова.
Утре освен „миланското дерби“ се играат и натпреварите: Сампдорија – Киево, Парма – Катанија, Болоња – Фиорентина, Аталанта – Рома, Јувентус – Сиена и Каљари – Торино.
За во понеделник закажани се два натпревари: Удинезе – Наполи и Лацио – Пескара.
Табела: Јувентус 55 бодови, Наполи 51, Милан 44, Лацио 44, Интер 43, Фиорентина 42,…