Фудбалрите на Милан ја потврдија добрата форма и синоќа на гостувањето кај Катанија на кое победија со 3:1, иако Катанија дојде прва во водство. Головите за Милан ги постигнаа Ел Шарави во 53. и 90+2 минута и Кевин Боатенг во 56.та минута, а единствениот гол за домаќините го постигна Никола Легротаље во 11.та минута.
Со оваа победа Милан ја помина Катанија на табелата и фати приклучок со екипите од горниот дел на табелата во Серија А.
За денеска е закажан само еден натпревар, се игра локалното дерби меѓу градските ривали Јувентус – Торино.
Останатите натпревари од оваа рунда во Серија А ќе се одиграат утре. Двојките се: Наполи – Пескара, Болоња – Аталанта, Џенова – Киево, Интер – Палермо, Лацио – Парма, Сиена – Рома, Удинезе – Каљари и Фиорентина – Сампдорија.
Табела: Јувентус 32 бода, Наполи 30, Фиорентина 28, Интер 28, Лацио 26, Рома 23, Милан 21,.