Милан со двајца фудбалери помалку ја совлада Болоња

Од:

Милан направи подвиг синоќа на гостувањето кај Болоња, бидејќи без двајца исклучени играчи го победи домашниот тим со 1:0. Клучниот момент на натпреварот се случи во 89.минута кога хрватскиот интернационалец Марио Пашалиќ постигна погодок за триумф на „росонерите“.

Претходно поради втор жолт картон исклучени од игра беа Габриел Палета (36.минута) и Јурај Кучка (59.минута),

На првиот натпревар одигран вчеравечер шампионот Јувентус оствари победа со 2:0 против Кротоне на гостински терен и ја зголеми предноста на врвот на табелата во однос конкурентите за титулата.

Стрелци на головите за Јувентус беа Марио Манџукиќ и Гонзало Игуаин во второто полувреме.

Табела по 23.коло во италијанската Серија А: Јувентус 57 бода, Рома 50, Наполи 48, Лацио 43, Интер 42, Аталанта 42, Милан 40,…

Би можело да ве интересира

Италија во Скопје со нов селектор, Манчини си поднесе оставка

ВИДЕО: Пожар во Истанбул пред финалето на Лигата на шампионите, густ чад над стадионот

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Навивачите на Интер направија хаос: Упаднаа во хотелот кај фудбалерите и направија луда атмосфера

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Легендата во солзи на теренот: Дали е ова крајот на една од најголемите кариери?

Ана Ололовска

Осимен ги врати Наполи во трката за скудетото

Ана Ололовска

Каљари ја продолжи кризата на Аталанта и излезе од зоната за испаѓање

Ана Ололовска