Со победата над Катанија од 4:2 остварена синоќа на „Сан Сиро“ во Милано, тимот на Милан се врати на третата позиција на табелата во Серија А.
Головите за Милан на дуелот со кој се комплетираше 34. коло ги постигнаа Метју Фламини (45.минута), Џампаоло Пацини (74 и 77) и Марио Баотели од пенал (90+2).
За Катанија погодија Никола Легротаље (30) и Гонзало Бергесио (65).
Постигнати резултати на другите средби од оваа рунда во Италијанското фудбалско првенство: Торино – Јувентус 0:2, Сампдорија – Фиорентина 0:3, Киево – Џенова 0:1, Палермо – Интер 1:0, Парма – Лацио 0:0, Рома – Сиена 4:0, Пескара – Наполи 0:3, Аталанта – Болоња 1:1 и Каљари – Удинезе 0:1.
Табела: Јувентус 80 бодови, Наполи 69, Милан 62, Фиорентина 61, Рома 55, Удинезе 54, Интер 53, Лацио 52,…