Милан ја продолжи добрата серија резултати и на гостувањето во Џенова, ја совлада со 2:0, и ја зацврсти својата позиција на третото место на табелата по оваа победа.
По почетното испитување на силите на теренот, Милан доаѓа до водство преку Пацини кој постигна гол во 22-та минута.
Веднаш по постигнатиот гол, Пацини го напушти теренот поради повреда, а во игра влезе Балотели кој се врати во игра. Првото полувреме заврши со резултат 0:1.
Во другото полувреме иницијативата на Милан вроди со плод, кога Запата во 60-та минута постигна гол за зголемување на водството на 0:2. Меѓутоа пет минути подоцна Констант доби црвен картон, и гостите останаа со играч помалку.
Сепак Џенова немаше доволно сили да се врати резултатски во натпреварот.
По оваа победа Милан се наоѓа на 3-та позиција со 51 бод, а на Џенова и преостанува грчевита борба за опстанок бидејќи се наоѓа на 17-та позиција со 26 бода.