Милан ќе му даде 75 милиони евра за трансфери на Рангник

Од:

Раководството на Милан веќе го одреди буџетот што ќе го има новиот тренер Ралф Рангник, пренесе „Газета дело Спорт“. Германецот ќе го преземе тимот по крајот на сезоната, откако го раскина договорот со РБ Лајпциг, каде во моментов ја игра улогата на спортски директор. На „Сан Сиро“ се очекува да добие целосна моќ и да биде одговорен и за првиот тим и за трансферите.

Милан постави буџет за следните три години, при што ова лето Рангникк има 75 милиони евра за трансфери, плус 50 отсто од парите од продажбата на некои од сегашните играчи кои не се дел од плановите на тренерот.

Речиси сигурно ќе има некои промени во Милан во текот на летото, бидејќи германскиот стручњак ќе се обиде да ги привлече вистинските играчи кои одговараат на неговата фудбалска филозофија.

Би можело да ве интересира

Феенорд во осминафиналето на Лигата на шампионите, „глумата“ на Тео Ернандез скапо го чинеше Милан

Фудбалерите на Милан го совладаа Емполи во 24. коло од Серија А

Поранешниот играч на Феенорд, Сантијаго Хименез, кариерата ја продолжува во Милан

(ВИДЕО) Избегната тепачка меѓу тренерот и капитенот на Милан

А1он

Навивачите го свиркаа Ибрахимовиќ, тој му даде отказ на тренерот Фонсека

А1он

Звезда без навивачи против Интер и Милан, италијанската полиција ќе ги запре Делиите

Предраг Петровиќ