Милан „киксна“ со Палермо

Од:

Екипата на Милан иако важеше за голем фаворит на синоќашниот дуел со Палермо, сепак беше поразена на домашен терен со 2:0. Стрелци на головите беа Кристијан Запата (автогол) 23.минута и Пауло Дибала 26.минута.

По овој пораз Милан заостанува девет бода зад лидерот Јувентус и се наоѓа на 7.место со 16 бодови, додека Палермо избега од опасната зона на испаѓање и сега е 13.ти со 12 бода.

Резултати на другите натпревари од 10.коло во Серија А: Наполи – Рома 2:0, Емполи – Јувентус 0:2, Парма – Интер 2:0, Киево – Сасуло 0:0, Сапдорија – Фиорентина 3:1, Торино – Аталанта 0:0 и Удинезе – Џенова 2:4.

Вечерва играат Чезена – Верона и Лацио – Каљари.

Табела: Јувентус 25 бодови, Рома 22, Сампдорија 19, Наполи 18, Џенова 18, Лацио 16 (натпревар помалку).

Би можело да ве интересира

Италија во Скопје со нов селектор, Манчини си поднесе оставка

ВИДЕО: Пожар во Истанбул пред финалето на Лигата на шампионите, густ чад над стадионот

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Навивачите на Интер направија хаос: Упаднаа во хотелот кај фудбалерите и направија луда атмосфера

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Легендата во солзи на теренот: Дали е ова крајот на една од најголемите кариери?

Ана Ололовска

Осимен ги врати Наполи во трката за скудетото

Ана Ололовска

Каљари ја продолжи кризата на Аталанта и излезе од зоната за испаѓање

Ана Ололовска