Милан казнет со еден натпревар без публика

Од:

Дисциплинската комисија на фудбалскиот сојуз на Италија го казни Милан со одигрување еден натпревар на домашен терен без присуство на публика поради однесувањето на „црвено-црните“ навивачи на неделното дерби со Јувентус во Торино.

Казната Милан ќе ја одработи на следниот дуел од Серија А закажан за 19 октомври против Удинезе.

Ове е веќе втора казна за Милан поради испади на навивачите кои сличен инцидент со навредување на своите ривали направија и против Наполи во Милано.

Освен екипата, од дуелот со Јувентус казнет излегува и Филип Мексес кој доби црвен картон поради удирање противнички играч. Дефанзивецот на „росо-нерите“ го удри Џорџио Киелини и доби суспензија од четири натпревари, како и парична санкција од 50 илјади евра.

Би можело да ве интересира

Италија во Скопје со нов селектор, Манчини си поднесе оставка

ВИДЕО: Пожар во Истанбул пред финалето на Лигата на шампионите, густ чад над стадионот

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Навивачите на Интер направија хаос: Упаднаа во хотелот кај фудбалерите и направија луда атмосфера

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Легендата во солзи на теренот: Дали е ова крајот на една од најголемите кариери?

Ана Ололовска

Осимен ги врати Наполи во трката за скудетото

Ана Ололовска

Каљари ја продолжи кризата на Аталанта и излезе од зоната за испаѓање

Ана Ололовска