Калчолигашот Милан не успеа да го донесе на „Сан Сиро“ Карло Тевез кој потпиша за Јувентус и се насочи кон Адем Љајиќ во кого гледа фудбалер соодветен за целта на клубот, а таа е подмладување со квалитетни играчи.
За услугите на 22-годишниот српски интеранционалец Милан веќе подготвил 10 милиони евра, јавија италијанските медиуми.
Сепак неизвесно е дали ќе се оствари овој трансфер, бидејќи Фиорентина, сегашниот клуб на Љајиќ, бара двојно повисока сума за обештетување.
Во Милано се надеваат дека „виолетовите“ од Фиренца ќе ја прифатат понуда со оглед на фактот дека Србинот има уште една година од договорт со нив и дека следното лето ќе биде слободен играч.
Контроверзниот Љајиќ имаше „судир“ со српскиот селектор Синиша Михајловиќ поради одбивањето да ја пее химната на натпреварите на репрезентацијата, додека во Фиорентина учествуваше во физичка пресметка со тренерот Делио Роси кога беше заменет на еден дуел од Серија А.