Милан ги сака Иско и Асиер Иљараменди

Од:

Италијанскиот гигант Милан сака во зимскиот преоден рок (јануари 2015) да ги доведе во своите редови младите шпански фудбалери Иско и Асиер Иљараменди.

Како што пренесува шпанскиот весник „АС“ раководството на Милан сака да ги искористи добрите односи кои италијанската екипа ги има со шпанскиот Реал Мадрид, тим во кој настапуваат Иско и Асиер Иљараменди.

Според шпанскиот весник, планот на „Росонерите“ е во јануарскиот преоден рок да донесе барем еден од нив двајца.

Сепак, мала е веројатноста дека актуелниот европски шампион Реал ќе дозволи Иско да го напушти „Сантијаго Бернабеу“ имајќи ја предвид одличната форма во која од почетокот на сезоната настапува играчот од средниот ред.

Иљараменди, пак, е многу поблиску до Милан, кој лошо ја почна сезоната во Серија А, во која по осум одиграни кола со 15 освоени бодови се наоѓа на шестото место на табелата.

Би можело да ве интересира

Италија во Скопје со нов селектор, Манчини си поднесе оставка

ВИДЕО: Пожар во Истанбул пред финалето на Лигата на шампионите, густ чад над стадионот

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Навивачите на Интер направија хаос: Упаднаа во хотелот кај фудбалерите и направија луда атмосфера

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Легендата во солзи на теренот: Дали е ова крајот на една од најголемите кариери?

Ана Ололовска

Осимен ги врати Наполи во трката за скудетото

Ана Ололовска

Каљари ја продолжи кризата на Аталанта и излезе од зоната за испаѓање

Ана Ололовска