Михајловиќ со критики кон Гвардиола: Фудбалот не е танц

Од:

Тренерот на Милан, Синиша Михајловиќ денеска го критикуваше колегата од Баерн, Пеп Гвардиола поради нападот на Најџел Де Јонг, велејќи дека е нормално ако некој игра малку погрубо, затоа што фудбалот не е танц.

Шпанскиот стручњак на полувремето од пријателски натпревари на двете во тунелот на „Алијанц Арена“ го обвини Де Јонг за преостра игра, а малку недостасуваше вербална конфликт да премине во физички.

– Не го видов тој дуел. Сепак, фудбалот не е танц, а фаулите се дел од спортот. Затоа натпреварите каков што е овој не може да се наречат пријателски. Игравме против силен противник, ама мора повеќе да работиме и напредуваме, рече Михајловиќ.

Баерн синоќа го победи Милан со 3:0 во полуфиналето на турнирот „Ауди Куп“ кој се одржува во Минхен.

Би можело да ве интересира

Италија во Скопје со нов селектор, Манчини си поднесе оставка

ВИДЕО: Пожар во Истанбул пред финалето на Лигата на шампионите, густ чад над стадионот

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Навивачите на Интер направија хаос: Упаднаа во хотелот кај фудбалерите и направија луда атмосфера

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Легендата во солзи на теренот: Дали е ова крајот на една од најголемите кариери?

Ана Ололовска

Осимен ги врати Наполи во трката за скудетото

Ана Ололовска

Каљари ја продолжи кризата на Аталанта и излезе од зоната за испаѓање

Ана Ололовска