Металург со гостинска победа кај Стеауа

Од:

Македонскиот ракометен вицепрвак Металург вечерва забележа победа со 28:26 над Стеауа во 17. коло во регионалната СЕХА лига.

Романскиот шампион и поранеше европски првак, на 12 минути пред крајот имаше плус 5 (21:16), но следуваа минута на гостите за резултатски пресврт.

Избраниците на тренерот Данило Брестовац во својот 15. натпревар оваа сезона во СЕХА го забележаа третиот триумф.

Најефикасен во победничкиот тим беше Марио Танковски со девет гола од 12 обиди. На голот Даниел Дупјачанец запиша 13 одбрани.

Тимот од Автокоманда со 10 бода е на 8.место, Стеауа го одигра својот 17. натпревар по кој има 18 бода и е на 6. место.

Би можело да ве интересира

Озтурк нов ракометар на Металург

А1он

Французинот Мане нов ракометар на Металург

Ана Ололовска

Металург поразен од Чеховски Медведи во Лига Европа

Ана Ололовска

Металург се раздели со двајца странски ракометари

Ана Ололовска

Во драматичен меч, Металург одигра нерешено против Фајверс

Жарко Настоски

Одложени дуелите на Металург со Чеховски Медведи поради коронавирус