Металург од денеска во Златибор

Од:

Ракометниот клуб Металург од денеска во Златибор, Србија, започнува со следната фаза на подготовки за баражот за Лигата на шампионите, како и за регионалното и домашното првенство.

Во текот на осумдневниот престој ракометарите ќе продолжат со кондиционите и тактичките тренинзи. Екипата тренира по новата програма која треба дополнително да ја зголеми подвижноста на екипата, а со тоа и ефикасноста во нападот.

– Заштитен знак на секоја успешна екипа е добрата и цврста одбрана, која се темели на брзи и промислени реакции, а Металург тоа го докажа изминатите две сезони. На подготовките за новата сезона најголем акцент во тренирањето ставаме на моторната и менталната брзина. Се надевам дека со новиот систем на тренинзи дополнително ќе ја зголемиме подвижноста на одбраната, а и ефикасноста на нападот, со брза реакција и реализација во секоја укажана шанса, изјави Лино Червар за официјалната веб страна на македонскиот вицепрвак.

Во Златибор металурзите нема да играат пријателски натпревари.

– Таму ќе продолжиме да работиме со посилно темпо, за потоа турнирот во Струга да биде проверка на формата и воиграноста на екипата. По завршувањето на турнирот ќе имаме уште малку време до двомечот со Пик Сегед во квалификациите за Лигата на шампионите, да доработиме на формата и на тактиката и евентуалните недостатоци во неа, истакнува хрватскиот стручњак.

Турнирот во Струга почнува на 14 август, со средбата Металург – Струга. На 15 август Металург играм со екипата на Брест Мешков, ден потоа со тимот на Версај, а на 17 август се натпреварите за пласман.

Клубот од Автокоманда на 28 август, во својата сала го игра првиот натпревар од двомечот со унгарскиот вицешампион Пик Сегед за пласман во групната фаза во Лигата на шампионите. Реваншот е на 1 септември во Сегед.

Би можело да ве интересира

РФМ: Благодарност до македонската ракометна јавност

Раководството на РФМ оствари средба со женската сениорска репрезентација

Предраг Петровиќ

Србија го извлече Косово – ждрепката веднаш прекинатa

Не сака да игра за репрезентацијата додека Хрватот е селектор

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Избегната тепачка на ракометен натпревар од Европската лига

Предраг Петровиќ

Македонските ракометари поуспешни од Грција во подготовките за ЕП