Металург најде десен бек

Од:

Во последен момент, Металург ја реши позицијата десен бек. Имено, денеска до 24 часот е последниот рок за пријавување нови ракометари за групната фаза на Лигата на шампионите.

Нашиот проблемот со десен бек со недели ја брануваше ракометната јавност. Нашите фанови во своите коментари и прашања покажуваа постојана грижа за таа позиција во нашиот тим. Управата на Металург вложи максимален напор да дојде до ракометар што има и искуство и ракометно знаење и не подлегна на притисокот на времето и не доведе анонимен играч колку да ја пополни празнината.

Со задоволство можеме да соопштиме дека е постигнат договор со Ренато Вугринец (Словенија), кој веќе утре ќе и се приклучи на екипата. Вугринец (37) има огромно интернационално искуство и досега настапувал за екипите на  П.Л.Цеље, Магдебург, С.А.Портланд, Хамбург и Марибор Браник. Вугринец во “Автокоманда“ ќе остане една година.

Би можело да ве интересира

Раководството на РФМ оствари средба со женската сениорска репрезентација

Предраг Петровиќ

Србија го извлече Косово – ждрепката веднаш прекинатa

Не сака да игра за репрезентацијата додека Хрватот е селектор

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Избегната тепачка на ракометен натпревар од Европската лига

Предраг Петровиќ

Македонските ракометари поуспешни од Грција во подготовките за ЕП

На сред сезона излезе во јавноста и кажа-крај

Предраг Петровиќ