Металург го совлада Горење Велење со убедливи 30-23

Од:

Вечерва во преполната сала „Борис Трајковски“, Металург убедливо го совлада словенечкиот претставник Горење Велење со резултат 30-23.

Ова е втор триумф по ред на ракометарите на Металург во групната фаза од Лигата на шампионите.

Најефикасни на натпреварот беа Манасков и Георгиевски од Металург и Доленец од Горење Велење со по седум голови, а Наумче Мојсовски постигна пет погодоци. Голманот Станиќ го заврши натпреварот со 14 одбрани.

Следниот натпревар е против данскиот клуб Силкеборг 14-ти октомври во Данска.

Би можело да ве интересира

Раководството на РФМ оствари средба со женската сениорска репрезентација

Предраг Петровиќ

Србија го извлече Косово – ждрепката веднаш прекинатa

Не сака да игра за репрезентацијата додека Хрватот е селектор

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Избегната тепачка на ракометен натпревар од Европската лига

Предраг Петровиќ

Македонските ракометари поуспешни од Грција во подготовките за ЕП

На сред сезона излезе во јавноста и кажа-крај

Предраг Петровиќ