Меси вреди 580 милиони евра

Од:

Претседателот на Барселона, Сандро Росел, застана пред новинарите и во интервјуто за Спорт вели дека вредноста на Лионел Меси значително надмина неверојатни половина милијарда евра?!

-На сите играчи кои им се заминува, можат да заминат. Сите освен Меси. Меѓу останатото, обештетувањето, плус 250 милиони за клаузулата на ЛФП (раководството на Примера), па уште 56% за даноци. Севкупно тоа би чинело 580 милиони евра – без многу размислување ја лупна Росел неверојатната сума, а нас не остави да расмилуваме за кава клаузула зборува?

Поради тоа што, тука не се работи за зголемување на цената, туку за одбивање на потенцијалните купувачи уште од самиот старт. Доколку воопшто постои некој толку луд да се впушти во една ваква лудорија. Без разлика дали е руски олигарх или арапски нафтен магнат. Едноставно, оваа сума е доволна да го поремети монетарниот мир во поголемиот дел од светот.

Кога се ќе се собере и одземе, Меси останува на Камп Ноу, па нема сомнежи дека во наредната сезона не очекуваат вистински возбудувања. Роналдо и Бејл на едната, против Нејмар и Меси на другата страна…

-Времето ќе покаже дали тие 120 милиони се малку или многу за Бејл…Што се однесува до Нејмар, нему му е потребно време. Тој не мора како Роналдињо да ја менува историјата на клубот. Тој само треба да ни помогне да останеме на ниво. Да му помогне на Меси. До сега Лео го чуваа четворица противнички играчи, сега ќе бидат тројца – истакна Росел и откри кој е лидерот на екипата.

Би можело да ве интересира

Најубавата фудбалерка на светот има над 15 милиони следбеници, повеќе заработува надвор од теренот

Тренерот на ЦСКА Софија удрен во главата

Груевски пред мечот и по коментарот на Имобиле: 10 декари земја се неспособни да одржуваат

Предраг Петровиќ

Хрватска го вклучи алармот: „Грците планираат пробив со озлогласените белграѓани“ во Сплит и Загреб“

Предраг Петровиќ

Чистка во Јувентус, во текот на ноќта пречкртани четворица фудбалери

Предраг Петровиќ

Савичевиќ: Само во Хрватска има култ кон репрезентацијата и затоа се успешни