Играчот на Барселона и најдобриот фудбалер на светот како што го нарекуваат, Леонел Меси денес стана татко на Тијаго Меси.
„Денес сум најсреќниот човек на светот, мојот син се роди, му благодарам на Бога за овој подарок. И благодарам и на мојата фамилија за поддршката! Прегратка за сите“, стои на фејсбук профилот на Меси.
Популарниот Аргентинец како што пренесуваат шпанските медиуми денес не се појавил на Камп Ноу бидејќи во болницата го чекал раѓањето на својот син, а отсуството му го одобрил тренерот Тито Виланова.