Најдобриот аргентински фудбалски репрезентативец Лионел Меси денеска изјави дека не е лесно да се освои Светското првенство, но додаде дека чувствува дека „гаучосите“ можат да стигнат до трофејот.
-Светското првенство е тешко. Сите го знаеме тоа и нема предавање. Одиме чекор по чекор во борбата за трофејот. Играме се подобро и подобро. Очекувам да ни се исполни сонот и да триумфираме на бразилско тло, истакна Меси кој се наоѓа под голем притисок од домашната јавност која очекува да прикаже игри во националниот дрес какви што има во Барселона.
Аргентина премиерниот настап на Мундијалот ќе го има на 15 јуни против Босна и Херцеговина. Во групата Ф уште играат Нигерија и Иран.